Денеска се празнува Преподобен Теодор Трихина


Цариграѓанин и син на богати родители. Како млад ги остави родителите, домот и богатството и се насели во еден пустински манастир во Тракија. Таму се предаде себеси на најтешки подвизи. Спиеше на камења – за да има помалку сон – постојано одеше гологлав и се облекуваше во една наметка од кострет, заради што и го нарекоа „трихин“ што значи „кострет“. Заради ова големо самоизмачување за спасението на душата, Бог му подари голем дар на чудотоврство и за време на животот и после смртта. Се упокои мирно околу 400 година. Телото му се покажа мироточиво.

Тропар
Чезнеејќи по живот вечен, зборовите на Спасителот ги исползува, о Теодоре отче преподобен, не само од леб, туку и од секој збор што излегува од устата Господова – беше словото што на подвиг ангелски те поттикна, тебе кому костретот ти беше мека облека, моли се за нас, о велик чудотворче, чии мошти миомирисни денес ја сведочат милоста Господова.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Обрнете внимание – Како да препознаете дека вашата врска страда поради прекумерно жалење на партнерот

Разговорите со пријателите честопати вклучуваат теми за врските. Сосема е природно повремено да се жалиме …