Во една прилика, Весна открила дека нејзиниот сопруг го одбил она што бабите и дедовците го очекуваат и го доживуваат како посебна чест.
Хрватската музичка ѕвезда Оливер Драгојевиќ деновиве ќе го прославеше својот 78-ми роденден. Легендарниот пејач е роден на 7 декември 1947 година, а почина на 29 јули 2018 година од рак на белите дробови во болница во Сплит.
Оливер беше еден од најомилените пејачи во регионот со децении, а зад себе ги остави сопругата Весна и трите сина – Дино, Дамир и Давор и нивните семејства.
View this post on Instagram
Инаку, неговата сопруга Весна еднаш открила дека нејзиниот сопруг го одбил она што многу дедовци го очекуваат и го доживуваат како посебна чест. Тој не им дозволил на своите синови да ги именуваат своите внуци по него.
„Оливер им рекол на своите синови: ‘Именувајте ги децата како што сакате, но немојте ни да помислите дека едното од нив се вика Оливер, за во училиште да го задеваат дека се вика Оливер Драгојевиќ’“, рекла таа во претходно интервју за „Стори“.
Таа исто така открила дека нивниот најстар внук Дује во училиште не верувал дека неговиот дедо е Оливер Драгојевиќ.
„Најстариот Дује велел во училиште дека неговиот дедо бил Оливер Драгојевиќ, но никој не му верувал. Му реков: ‘Мој Дује, немој ни да го кажуваш тоа – ако не ти веруваат, не мораат’. Дали би му верувале на некој што би ви кажал дека неговиот дедо е Оливер Драгојевиќ?“, рекла таа.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни