ЧУДО НА МЕДИЦИНАТА: Три месеци после мозочна смрт на свет донела ќерка!

Чешките лекари успеале скоро три месеци да ја одржат во живот 27-годишна бремена жена која претрпела мозочна смрт и да ја породат.

Невообичаениот подвиг на лекарите се случил минатата недела во Универзитетската болница во Брно, кога со царски рез, на свет дојде мало девојче, со тежина од 2,1 килограм и потполно здраво.
Породувањето било извршено на 34-та недела од бременоста,а мајката веднаш беше исклучена од апаратите. Несреќната девојка доживеала тешка хеморагија на мозокот неколку недели откако забременила.


Во болницата одлучиле трудницата да ја одржуваат бремената жена во живот се’ додека бебето не биде добро развиено и подготвено за породување, објави CTV News.
„Мајката беше клинички мртва, знаевме дека веднаш по породувањето, ќе го прекинеме нејзиното вештачко одржување на животните функции. За жал, така требаше да биде. Слично со тоа, според закон,е кога луѓе донираат органи“, рекол Павел Вентруба, раководител на Гинеколошка и акушерска клиника во Брно

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …