Браќа Карамазови на Оливер Фрљиќ вечерва на 48 МОТ

Среќните и несреќните семејства на Толстој низ призмата на суровиот реализам на Достоевски, е дело кое е како порачано за наградуваниот режисер Оливер Фрљиќ.

По девет години тој се враќа на сцената на ЗКМ во Загреб, и ја прави оваа современа обработка на рускиот класик, Браќа Карамазови, која е во форма на двојна претстава. Може да ги гледаат и двата дела и да добијат целосна слика од оваа комплексна линија на дејството поради која овој роман се смета за најцеловитото дело на Достоевски. Двојноста најдобро е прикажана преку огледалноста на одредени ликови и нивните меѓусебни односи, но и преку сценографските и костимографските решенија, а и кастингот, со кој некои актери играат повеќе ликови, кои меѓусебно се надополнуваат. Иако досегашните сценски адаптации се држеа подалеку од односот на Аљоша и момчињата од пониските социјални слоеви, во обработката на Фрљиќ тој добива еднакво внимание како и главната линија за браќата Карамазови и нивниот татко.


1 дел: Сите среќни семејства се среќни на ист начин
2. дел: Сите несреќни семејства се несреќни на свој начин

Играат:
Уго Корани, Дадо Ќосиќ, Адриан Пездирц, Јерко Марчиќ, Линда Бегоња, Катарина Бистровиќ Дарваш, Данијел Лјубоја, Матео Видек, Милица Манојловиќ, Миливој Беадер, Иван Пашалиќ, Хрвојка Беговиќ, Петра Свртан, Рок Јуричиќ
Драматургија: Нина Гојиќ
Сценографија: Игор Паушка
Костимографија: Здравка Ивандија Киригин
Сценски движења: Дина Екштајн
Музички избор: Оливер Фрљиќ
Дизајн на светло: Марино Франкола
Асистент на режија: Александар Швабиќ
Асистент на драматургија и сценски движења: Ана Јаворан
Асистент на драматургија: Карла Месек, Антонела Тошиќ
Асистент на костимографија: Тина Спахија, Реа Јањиќ
Инспициент: Дина Екштајн


Претставата се игра на сцената на НОБ, и првиот дел започнува во 19 часот, а вториот во 22 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …