Бобан ја заврши соработката со „Маестро„: „Време е за новитети и нови успеси“

Минатата година ја стартуваше со промоција на баладата „Љубов забранета„ за која сними и спот, а при крај од годината, ја воодушеви балканската публика со изведбата на песната „Све је ово премало за крај“ од Тоше Проески и тоа при гостувањето во една од најгледаните емисии на овие простори „Гранд Коктел“.
Имено, нашиот фолк пејач Бобан Цаневски, во новата година влегува со најава за многу нови музички проекти, имајќи ја предвид поддршката која ја ужива од љубителите на македонската народна песна.
– Наскоро влегувам во студио и почнувам со работи на мнгуу нови проекти и изненадувања за вистинските уживатели на нашата убава народна песна. Навистина имам многу планови, па затоа во новата година решив да направам и некои промени, кога станува збор на професионален план, вели пејачот.
Кога станува збор за промените, Цаневски на стартот од оваа година, реши да стави крај на соработката со групата „Маестро“, а причините се различните погледи за правецот во кој треба заеднички да се движат понатака.
– Во нашата работа е секогаш така. Завршуваш едни соработки, почнуваш други, но важно е да го задржиме пријателството, бидејќи толку сме на нашата естрада. Имавме убава соработка со оваа група, но имајќи предвид каква успешна година оставив поазди себе како соло изведувач и какви ми се плановите за следнава 2019 година, решив повеќе да се посветам на соло кариерата и да дореализирам се што имам во план, додава Бобан.
Нови песни, спотови и секако, локални и регионални промоции на истите се на агендата на нашиот пејач.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …