Бимилк ги расони ранобудните граѓани со „Флерт Кафица“ за убав почеток на работниот ден

Деновиве бевме сведоци дека на повеќе автобуски станици и локации низ целата територија на Скопје, Бимилк ги изненади граѓаните со вистинско утринско будење.

Под мотото „Таа те буди“, во раните утрински часови насекаде низ градот, граѓаните имаа можност да го вкусат новото кафе „Флерт Кафица“ и да се расонат пред почетокот на новиот работен ден.


„Одличен момент за кафе во 7 часот наутро“, „Кафето навистина ме расони“, „Супер утринско изненадување од Бимилк“, „Вистинска доза енергија“⎼се само дел од коментарите на граѓаните што дегустираа еден од трите вкуса на „Флерт Кафица“: капучино, макијато или еспресо.


„По повод лансирањето на новите производи ’Флерт Кафица‘, одлучивме да ги изненадиме граѓаните за убав почеток на работниот ден. ’Флерт Кафица‘ е идеално освежување за сите оние што се во движење, а корисните својства на млекото и кафето му даваат дополнителна енергија на организмот и ја подобруваат концентрацијата“, рече Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.


Инаку, новите производи „Флерт Кафица“, всушност, се вистинско кафе со силна доза кофеин и високoквалитетно млеко, спакувани во практично пакување. Достапни се во сите поголеми маркети низ земјата во три вкуса, во пакување од 330 мл.

 

 

 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …