Без додаден шеќер – Дали ви здодеаа урмите? Искористете ги за овој едноставен и вкусен колач

Ако ви останале урми од Рамазан (или од редовно конзумирање) и не знаете за што да ги користите, секогаш можете да ги користите како поздрава алтернатива за десерт.
Овој рецепт е сличен на популарниот леб од банана и е многу лесен за подготовка.
Состојки:
15 свежи урми
една шолја топло млеко
една и пол шолја обично брашно
една лажичка прашок за пециво
една лажичка сода бикарбона
две јајца
половина шолја сечкани ореви
парчиња чоколадо
Подготовка: За почеток загрејте ја рерната на 180 степени. Отстранете ги коските од урмите. Урмите префрлете ги во сад и прелијте со 200 милилитри топло млеко и оставете 20 минути да омекнат. Потоа префрлете ги во блендер и блендирајте додека не добиете изедначена смеса.
Во смесата со млеко и урми додадете брашно, прашок за пециво, сода бикарбона и две јајца и изматете. На крај додадете ги оревите и чоколадните парчиња и кратко измешајте.
Оставете малку од сечканите ореви и чоколадото за декорација.
Смесата истурете ја во калап обложен со хартија за печење и рамномерно распоредете. Посипете со јаткасти плодови и чоколадо и печете околу 30 минути.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Англичани: Салах станува најплатениот фудбалер во светот? Се’ поблиску е до заминување

Египетскиот напаѓач Мохамед Салах (32), чиј договор со Ливерпул истекува на 30 јуни, би можел …