Глумицата облекла елегантен фустан и потоа потполно го покрила…
Скоро една година по раскинувањето со Бред Пит, Ангелина Џоли изгледа подобро од било кога.
Славната глумица се’ почесто се појавува во јавност и повторно го привлекува вниманието со своите гламурозни аутфити.Но, на премиерата на својот нов филм во Лос Ангелес, нејзиниот моден избор сите ги збунил. Глумицата облекла долг елегантен фустан во својата омилена црна боја, но преку неа префрлила голем шал кој потполно ја покрил.
Беж наметката со ресички веднаш не потсетила на ќебе и не ни е јасно како се вклопува во нејзиниот свечен аутфит. За среќа, насмевката која не се симнувала од нејзината уста потполно го свртела вниманието од овој промашен моден избор и сигурно дека сите, после еден „убиствен“ фустан потполно ќе го заборавиме.
Ангелина Џоли на премиера пристигнала покриена со „ќебе“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
ekran платформа за слободоумни