НОВИНАРКА И НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ, ДЕТЕТО (3) НЕПОВРЕДЕНО: Полицијата се сомнева на убиство и самоубиство


Телевизиската новинарка Кристина Чемберс и нејзиниот сопруг Џони Рајмс бИЛЕ пронајдени мртви во семејната куќа во Алабама.
Телевизиската новинарка Кристина Чемберс и нејзиниот сопруг Џони Рајмс беа пронајдени мртви во нивната семејна куќа во Хувер, Алабама. Според првичните полициски информации, двајцата имале прострелни рани, а случајот се третира како сомневање на убиство и самоубиство.
Телата на сопружниците ги пронашол член на семејството во нивниот дом на улицата Хајленд Манор Корт, по што полициски патроли биле испратени на местото на настанот околу девет часот наутро. По пристигнувањето на службите за итни случаи, било потврдено дека и мажот и жената починале на местото на настанот.

Детето било пронајдено неповредено
Нивниот тригодишен син исто така бил во куќата во времето на трагедијата, кој, според полицијата, бил пронајден неповреден и надвор од опасност.
Полициската управа на Хувер објавила дека прелиминарните наоди не укажуваат на опасност за пошироката јавност.
„Пожарникарските и медицинските екипи ја потврдија смртта на маж и жена поради прострелни рани. Иако истрагата е во рана фаза, сè укажува на случај на убиство и самоубиство. Нема закана за граѓаните“, соопштила полицијата.


Кариера посветена на спортското новинарство
Кристина Чемберс беше почитувана спортска репортерка која работеше за локалната телевизиска станица WBRC речиси десет години. Нејзината кариера беше тесно поврзана со известување за спортски настани на колеџи и средни училишта низ Алабама и Џорџија.
Според податоците од деловната мрежа LinkedIn, нејзиниот сопруг, Џони Рајмс, работел речиси 14 години како финансиски аналитичар во компанијата American Cast Iron Pipe. Двојката се венчала во 2021 година.

Нов животен повик
По бракот, Кристина започнала да работи во средно училиште, каде што како едукатор ги советувала учениците во областа на телевизијата и филмот, но повремено продолжила да се занимава со новинарско известување како фриленсер.


Фото: Принтскрин/YouTube – WBRC 6 News


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРОГНОЗИТЕ НЕ СЕ ОСТВАРИЈА: „СИЛЈАН“ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ТОП 15 ФИЛМОВИ ЗА ОСКАРОВСКАТА ТРКА

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука денес ја објави листата на потесен избор …