Избегнувајте ги – Исхраната може да влијае и на менталното здравје: Овие намирници ја зголемуваат анксиозноста


Сè повеќе луѓе денес се справуваат со анксиозност и чувство на внатрешна напнатост. Иако причините може да бидат различни, исхраната игра важна улога во тоа како се справуваме со психолошките предизвици.
Некои намирници може дополнително да ги влошат симптомите на анксиозност, па затоа е важно да знаете кои би било добро да ги избегнувате или барем да го намалите нивниот внес.
Иако алкохолот на прв поглед изгледа релаксирачки, тој всушност ја нарушува хемиската рамнотежа во мозокот, особено влијае на серотонинот – хормонот одговорен за доброто расположение. Откако ќе исчезнат ефектите од алкохолот, многу луѓе забележуваат влошување на нивната анксиозност.

Освен ако вашиот лекар конкретно не препорачал да избегнувате алкохол, повременото консумирање во мали количини може да биде прифатливо. Меѓутоа, во социјални ситуации се повеќе се препорачуваат алтернативи како безалкохолно пиво, ароматизирана минерална вода или моктели – коктели без алкохол.


Кофеинот, кој најчесто се конзумира преку кафе, чај и енергетски пијалоци, може да биде поттик за епизоди на анксиозност, особено кај луѓето кои се веќе чувствителни на тоа. Зголемениот внес на кофеин може да предизвика напнатост, забрзано чукање на срцето, па дури и напади на паника. Доколку забележите дека кафето ви ја зголемува нервозата, обидете се да го замените со билни чаеви кои имаат смирувачко дејство – како лаванда, камилица, нане или маточина.

Рафинираните шеќери можат да предизвикаат ненадејни промени во нивото на шеќер во крвта, што често доведува до промени во расположението, раздразливост и зголемена напнатост. Прекумерното внесување шеќер, според некои истражувања, негативно влијае на лачењето на допамин – невротрансмитер поврзан со чувството на задоволство. Настрана од очигледните слатки, шеќерот често се крие во производи како што се готови сосови, житарки за појадок и разни додатоци.


Намирниците како белиот леб, обичните тестенини, белиот ориз и газираните пијалаци содржи преработени јаглехидрати кои се поврзани со зголемени симптоми на анксиозност и депресија. Долготрајното консумирање на такви производи може негативно да влијае на менталното здравје.

Наместо тоа, се препорачува да се вклучат цели зрна како интегрални тестенини, кафеав ориз, леќа или киноа, кои му даваат енергија на телото без нагли промени на расположението.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Модерни мини-серии раскажуваат за љубовта и ги претставуваат убавините на Туркије

Официјалната туристичка платформа на Туркије – GoTurkiye, продолжува да ја користи формата на креирање и …