Сè попопуларниот хрватски музичар Јаков Јозиновиќ ќе настапи за Нова Година на Страдун во Дубровник.
Иако главна ѕвезда на оваа вечер ќе биде Дино Мерлин, Јозиновиќ ќе ја забавува публиката дел од вечерта, а ќе настапи и Хилсон Мандела.
„Чест ми е да настапувам во Дубровник со Дино Мерлин и да бидам дел од толку посебна новогодишна приказна. Едвај чекам да застанам на сцената во Страдун, да ја почувствувам енергијата на публиката и да влезам во новата година заедно со нив“, рекол Јозиновиќ, пишува dubrovnik.net.
View this post on Instagram
Исто така, Јаков Јозиновиќ претходно го распродаде третиот датум во Сава Центарот во Белград и го најави четвртиот концерт во оваа сала.
View this post on Instagram
Јозиновиќ го распродаде својот прв концерт во Сава Центар за помалку од половина час, а билетите за вториот настап беа продадени уште побрзо. Во еден момент, речиси 15.000 луѓе чекаа на страницата за продажба на билети.
View this post on Instagram
Јозиновиќ претходно настапуваше во Кино Босна две вечери по ред, иако сè уште не ја снимил својата прва оригинална песна, но во интервју за Klix.ba откри дека песните се подготвуваат и треба да бидат објавени наскоро.
View this post on Instagram
Јозиновиќ го покори регионот па имаше настапи и во Подгорица.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни