20 години по објавувањето на првата епизода се подготвува јубилејно продолжение на „CSI“

Продукциската куќа Си-би-ес работи на јубилејно продолжение на серијата „Истрага на местото на злосторството“ (CSI), по повод 20-годишнината од објавувањето на првата епизода 2000 година.

Првичните податоци говорат дека тоа ќе биде „ограничено издание“ што ќе биде издадено во октомври годинава, според порталот „Реп“. Тоа значи дека станува збор или за ТВ-филм или за неколку епизоди.


Првата епизода од „Истрага на местото на злосторството“ беше прикажана октомври 2000 година, а серијата заврши 2015 година. Приказната имаше и три спин-оф серии: „ИМЗ: Њујорк“, „ИМЗ: Мајами“ и „ИМЗ: Сајбер“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …