(ВИДЕО) Зоран Илиев во соработка со еден од најпознатите музичари на Балканот, Александар Софрониевиќ ја претставува “Не боле мене”!


Нашиот познат пејач, штипјанецот кој двапати го има освоено „Макфест“, Зоран Илиев, вчера вечер на сите музички платформи и социјални мрежи го претстави својот најнов музички проект – песна на српски јазик со наслов „Не боле мене“.
Со овој проект, Илиев се отвора кон поширока регионална публика, а песната наскоро ќе биде промовирана и пред српската јавност.


Аранжманот го изработи Александар Софрониевиќ, еден од најдобрите и најценети музичари на Балканот. Со него соработуваат многу од најпознатите пејачи од српската музичка сцена, меѓу кои и Здравко Чолиќ, како и голем број други врвни изведувачи.
Музиката е дело на Панче Касапски, а текстот го напишаа Огнен Неделковски и Давор Крстевски.
Мастерингот и продукцијата ги изведе Иван Лековиќ (Asstudioton).


Видеоспотот, кој е снимен во Белград и режиран од Бојан Стевановиќ, визуелно потсетува на позната филмска сцена, во која токму Зоран Илиев и Александар Софрониевиќ се поставени како главни актери.
„Соработката со Александар Софрониевиќ беше одлична и навистина сум задоволен од конечниот резултат. Ова е само почеток, а во иднина подготвувам многу нови проекти за публиката” – вели Илиев.


„Не боле мене“ ќе биде претставена пред публиката во целиот регион и претставува ново професионално поглавје во кариерата на Зоран Илиев.


Уживајте:

Фото: Приватна архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛ ПОЗНАТ ТИКТОКЕР (31): Полицијата се сомнева дека момчето кое го обожаваа луѓе од целиот свет се самоубило – прошталната порака на неговиот брат ја крши душата

Такер Џанал имал околу 2,5 милиони следбеници на ТикТок, каде што бил познат по своите …