(ВИДЕО) Во природна големина – Во Лондон беше откриен ликот на Бриџит Џонс, Зелвегер рекла: „Ова не е нешто што го очекувате“


Хелен Филдинг и Рене Зелвегер се собрале на плоштадот Leicester Squareu за да присуствуваат на откривањето на бронзена статуа на иконскиот британски лик Бриџит Џонс, што воедно одбележува 25 години од објавувањето на првиот филм „Дневникот на Бриџит Џонс“.
Бриџит Џонс, најомилената и најнесреќната британска хероина на романтичните комедии, во збрчкано мини-здолниште и кардиган и со пенкало и дневник во рацете, им се „придружи“ на други измислени ликови како Мери Попинс и Хари Потер на популарен лондонски плоштад.


На авторката на книгата Хелен Филдинг и актерката Рене Зелвегер на настанот им се придружи и актерката Сали Филипс, која ја играше една од најдобрите пријателки на популарната хероина Бриџит.
Инаку, Хелен Филдинг, сега култна фигура, беше претставена во колумна во весник пред 30 години, а нејзините романи се преведени на повеќе од 40 јазици. Четирите филмови за Бриџит Џонс, играна од Рене Зелвегер, досега заработија околу 900 милиони долари.
Статуата им се придружува на статуите како Падингтон, Хари Потер и Чарли Чаплин како дел од проектот „Сцени на плоштадот“. Во чест на бронзената Бриџит во природна големина бил поставен розов тепих.
„Изгледа навистина слатко. Мислам, навистина е толку чудно, но навистина е слатко. Да се ​​видиш себеси овековечен на овој начин не е нешто што очекуваш да се случи“, рекла Зелвегер.
Но, иако витката фигура на статуата изгледа инспирирана од најновото продолжение, во кое Бриџит повеќе не се прејадува, туку „жонглира“ со самохрано мајчинство и нови додворувачи, нејзината гардероба доаѓа од поранешниот период.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Не е сè во изгледот – Овие квалитети на мажите се сметаат за неодоливи од жените

Мажите често се прашуваат што навистина ги привлекува жените, а одговорот на ова прашање е …