Легендарниот Здравко Чолиќ на социјалните мрежи објави дека неговата нова песна насловена „Зошто таа“ ќе излезе на 1 март.
Имено, Чола со објавување на краток исечок од спотот навести како ќе звучи неговиот нов сингл. Тој откри дека песната „Зошто таа“ ќе биде објавена на неговиот канал на YouTube на 1 март во 12 часот.
Видеото очигледно е снимено во Њујорк, а во една од сцените е видлив мостот Менхетен.
View this post on Instagram
Легендарниот Чола не откри детали за тоа кој е заслужен за неговата нова песна, а последната што ја објави излезе во април минатата година.
Песната е „Бирај ти“ која е создадена во соработка со Дино Мерлин, а спотот е снимен во Сараево. Текстот и музиката на песната „Бирај ти“ се на музичкиот волшебник Дино Мерлин, а ова беше трета соработка на двајцата сараевски уметници.
Мерлин му ја напиша песната „Да ти кажам што ми е“, која беше објавена во 1990 година на истоимениот албум. Тој го напиша и хитот „Како мојата мајка“, објавен во 2006 година.
Сите негови обожаватели, сеочекува, во живо да ја слушнат новата песна на еден од неговите претстојни концерти во Скопје на 18, 19 и 21 март.
Фото: Принтскрин/Instagram