Во новата реклама со божиќна тематика славниот актер, Стив Карел се појавува во костум на Дедо Мраз.
Рекламата се вика „Најголемиот подарок“, а на него се гледа како им кажува на џуџињата дека „обичните подароци нема да бидат доволни после ваква година“.
Сепак, џуџињата наоѓаат начини да ја вратат Божиќната радост на луѓето ширум планетата.
„За време на празниците, ние славиме поминувајќи време со најблиските“, вели Карел.
„Ние се потсетуваме едни на други за она што е навистина важно, а тоа е она што на сите ни треба за една ваква година. Се надевам дека оваа приказна ќе им донесе на луѓето барем малку среќа”, заклучува тој.
https://youtu.be/63o9tgPK9r8
ekran платформа за слободоумни