На студентските протести во Србија секојдневно се снимаат многу потресни сцени, а вчера дури и бидермаер беше фрлен на Варадинскиот мост во Нови Сад.
Имено, новосаѓанка која вчера се омажи по нејзината свадба се приклучила на протестите и пристигнала на блокадата на Варадинскиот мост, решавајќи да го фрли бидермаерор на насобраните граѓани и студенти.
View this post on Instagram
Со оглед на тоа што студенти од Србија станаа кандидати за овогодинешната Нобелова награда за мир, новосаѓанката решила да испрати симболична порака со натписот што го носеше.
На него пишувало: „Која Нобеловка е следна?“
Нејзиното фрлање на бидермаерот и одлуката да се приклучи на протестите по венчавката наишол на голем број позитивни коментари на социјалните мрежи, а некои од нив биле: „Ја имате најдобрата свадба во целиот универзум“, „Дали некој имал повеќе гости на свадб. Браво“, „Ова е во нашата ДНК да бидеме позитивни, насмеани, духовити и енергични, но политичарите нè претворија во нешто сосема спротивно“.
За потсетување, вчера се навршија три месеци од уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а студентите решија да го изразат своето незадоволство со организирање на протест.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни