(ВИДЕО) Позната актерка во полицијата: Удрила дете кое сакало да се слика со неа 


Француската актерка Навел Мадани признала во полицијата дека вечерта во понеделник, 6 октомври, удрила дете додека шетала по авенијата Шанзелизе во Париз.
По признанието, против оваа актерка е поднесена пријава и е покрената истрага, јавува BFM TV.
Навел Мадани е обвинета дека удрила дете на Шанзелизе во Париз доцна во понеделникот, потврдило обвинителството на главниот град и париската полиција за француските медиуми.
Во изјавата што ја дала во полицијата, Навел Мадани објаснила дека непознати деца ѝ пришле на Шанзелизе тој ден, дека се плашела дека сакаат да ја украдат и затоа удрила едно од децата.
Според неименуван добро информиран извор во париската полиција, детето кое било удрено од Навел Мадани има шест години и било придружувано од својот татко во времето на инцидентот.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Анастасија Ражњатовиќ со емотивна објава за Аркан: Кога би можела да добијам уште една шанса, уште една прошетка, уште едно танго со него

Пејачката Анастасија Ражњатовиќ, ќерката на легендарниот Жељко Ражњатовиќ – Аркан и фолк ѕвездата Светлана Цеца …