Јужнокорејскиот машки бенд ја освои наградата за најдобра песна „Dynamite“
Во неделата се одржаа виртуелни „MTV Europe Music Awards“, на кои триумфираа К-поп суперsвездите БТС со четири награди.
Јужнокорејскиот машки бенд ја освои наградата за најдобра песна, „Dynamite“, а тие исто така доминираа во категориите најдобар бенд, најдобар виртуелен лајв и најстраствени обожаватели.
Водителките на шоуто, Џејд Тирлвол, Пери Едвардс и Леј-Ени Пинок од британскиот женски бенд „Little Mix”“, годинава освоија две награди за најдобар поп и најдобар британски и ирски изведувач.
Џејд, Пери и Леј-Ени се појавија пред возбудената публика како холограми изведувајќи го својот хит „Sweet Melodies“, додека нивниот колега од групата Џеси Нелсон ја пропушти церемонијата на доделување на наградите поради болест.
Поздравувајќи ја публиката што ја следеше церемонијата на доделување на МТВ наградите, русокосата убавица Пери рече дека ништо не е толку моќно како собирањето луѓе поради музиката.
Лејди Гага е прогласена за најдобра артистка, а наградата за најдобар спот ја освои диџејот Калед со популарната песна „Popstar“ во која соработува со Дрејк и Џастин Бибер.
https://youtu.be/YiaesQqsJg0
Наградата во категоријата најдобар хип хоп изведувач ја освои раперката Карди Б, наградата за најдобар рок изведувач му припадна на Колдплеј, а за најдобар алтернативен изведувач на Хајли Вилијамс.
Колумбиската пејачка и текстописец Керол Г е прогласена за најдобра изведувачка од Јужна Америка, а ја доби и наградата за најдобра соработка со Ники Минаж за песната „Tus“.
Наградата за најдобар изведувач на електронска музика му припадна на признатиот диџеј Дејвид Гета, кој за прв пат во живо ја изведе песната „Let’s Love“ заедно со пејачката Реј.
ekran платформа за слободоумни