(ВИДЕО) Омилениот ЗЕЛЕНЧУК на многумина е најефтината опција за ОБНОВА НА ЦРНИОТ црн дроб и ТРЕТМАН НА ГИХТ, а успешно го намалува и холестеролот

Зелката често се занемарува и покрај нејзината импресивна хранлива содржина, изобилството на витамин Ц, витамин К и влакна. Покрај тоа, го подобрува варењето и здравјето на срцето, а нејзините здравствени придобивки не завршуваат тука.
Зелката е благодарна намирница и има многу начини како да ја однесете на следното ниво и да ја направите поинтересна. Имено, готвачката Мелизе Берг има едноставен метод кој гарантира дека зелката во вашата чинија ќе има луксузен вкус.
Техниката за која станува збор делува со секаков вид зелка, освен црвена, а особено е погодна кога сакате да ги потрошите остатоците.
– Најпрво пропржете ја на малку маслиново масло, ситно сечкана, додека не потемни. Потоа додадете 500 мл супа од пиле или зеленчук, една лажичка суво нане и прстофат црн пипер и варете на силен оган додека не се намали течноста. Можете да додадете и мало парче путер за уште побогат вкус, иако тоа не е потребно, вели Мелизе.

@melizcooks Take your Cabbage to the next level! Packed full of flavour #savoycabbage #cabbage #cabbagerecipe #easycooking #easyrecipe #simplerecipe #sundayroast #sundaydinner #fyp ♬ simple. – coldbrew


Супер храна
Зелката, како и другите зеленчуци од семејството „зелки“, е богата со витамини и минерали по кои вашето тело копнее, а истовремено е и нискокалорична.
Со оглед на нејзиниот нутритивен профил, зелката секако може да се смета за супер храна, но често се занемарува во корист на некои други тренди здрави намирници.
Во народната медицина се користи за регенерација на црниот дроб, лекување на дијабетес, гихт, чир на желудникот и дуоденумот, го поттикнува излачувањето на штетните материи од организмот, поволно делува на работата на срцето и циркулацијата на крвта, а го намалува високиот холестерол.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Луѓето кои страдаат од депресија се повеќе склони кон овие болести

Покрај неговото влијание врз емоциите и стресот, грижата за вашето ментално здравје може да има …