(ВИДЕО) Манекенката која се срамела од својата протетска нога сега инспирира многумина: Не им робува на предрасудите

Манекенката Мараја Херд претходно не се чувствувала пријатно да носи протетска нога. Во меѓувреме, таа се здобила со самодоверба и сега на социјалните мрежи споделува видеа каде гордо ја носи, а со тоа охрабрила многумина.

@phenixsoul Trying to beat the London rush hour #confidence #sexandthecity #fyp #limbdifference #bratzdoll #model #nyc #nyfw #onthisday #modelwalk #fashion ♬ original sound – Stan 🙂


„Јас и моите пријатели снимавме тој ден. Ја ‘поправав” Тина, а мојата пријателка случајно го фати тој момент. Тоа беше сосема природно”, рекла таа.
Оваа девојка е родено со синдром на плодова вода. Додека растела, наишла на предрасуди.
„Целото мое воспитување беше обележано од луѓе кои ме етикетираа како што сакаа. Тие можеа да ја тргнат етикетата и да стават нова во секое време. Очекуваа од мене да правам што ќепосакаат, а јас го правев тоа многу долго“, изјавила таа меѓу другото за магазинот People.

@phenixsoul Christmas festivities call for quick changes on the go @H&M AD #fyp #confidence #limbdifference #christmastime #christmasfashion ♬ original sound – Lyric Mariah Heard


Додала дека во еден момент станала толку несреќна што повеќе не можела да се преправа. Повеќе не дозволува ништо да и ја скрши самодовербата. Се залага за инклузивност.
„Колку е повидливо, толку повеќе луѓе го прифаќаат. Имав многу непријатни искуства на места како аеродроми или возови. Тие ситуации ми се многу понепријатни отколку да шетам наоколу и да менувам протези”, рекла таа.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТРИ ЧАСА СЕ ДОВОЛНО ЗА СЕКОЈ ГОСТИН: Како учтиво да му кажете на некој да си оди дома?

„За секој гостин доволни се три дена“, е реченица која секогаш ја користеле нашите баби …