По вчерашното доделување на наградите на МТВ ЕМА – односно европските награди на МТВ, поп-sвездата Лејди Гага стана најнаградуваната уметница од оваа франшиза во историјата.
Поп-sвездата вчера доби две нови награди – за најдобар поп-артист и за најдобар уметник од Америка.
Со вкупно 70. награди во рамките на целиот синџир МТВ, Лејди Гага го продолжи својот рекорд како најнаградувана уметница од таа франшиза.
Покрај тоа, Лејди Гага е рангирана како најнаградувана на Европските музички награди (ЕМА), со вкупно 12 награди досега.
(ВИДЕО) Лејди Гага е најнаградуван МТВ уметник во историјата
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
ekran платформа за слободоумни