Доколку сакате брз, здрав и целосно посен десерт без додаден шеќер, топчињата од урми се идеален избор. Подготовката трае само дваесет минути, без готвење, а природната сладост доаѓа исклучиво од урмите. Тие се совршени кога сакате нешто лесно, хранливо и вкусно.
View this post on Instagram
Состојки:
• 500 г урми
• 100 г бадеми
• 100 г ореви
• 2 полни лажици какао
• малку вода (само ако смесата е сува)
Подготовка:
1. По желба, препечете ги бадемите и оревите. Отстранете ги семките од урмите.
2. Додадете ги бадемите и оревите во блендер и исечкајте ги, но не многу ситно – оставете некои поголеми парчиња.
3. Додадете ги урмите и какаото, а потоа блендирајте сè заедно додека не добиете еднолична смеса.
4. Проверете дали од смесата може да се формираат во топчиња. Ако се распаѓа, додадете многу малку вода (по една лажичка) и повторно блендирајте.
5. Обликувајте топчиња. Валкајте ги во мелени ореви и бадеми и наросете ги со какао во прав.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни