(ВИДЕО+ФОТО) На денешната прес конференција за претстојните концерти Калиопи најави несекојдневно патување со солзи од задоволство!!!


Наше си е наше!
Така ќе ја окарактеризираме и денешната прес конференција на Калиопи за претстојните концерти во Филхармонија, бидејќи Калиопи е наша дива која се прослави низ цел регион и секаде е добредојдена. По минатогодишниот грандиозен концерт во „Борис Трајковски“ кој изобилуваше со извонредно пеење, енергија која обзема, Калиопи и браќата Стефановски решија да ни приредат ново изненадување.


На самиот почеток Калиопи истакна дека е пресреќна што нашла вистински соработници во Игор и Кристијан Стефановски и дека е презадоволна од соработката со нив, како млади луѓе кои посветуваат внимание на секој детал.


– Ни претстојат три концерти во Филхармонија на 14 ноември, и 6 и 7 декември, рече на почетокот Калиопи, откако ги поздрави бројните новинари и тв екипи, па продолжи – Овие концерти ќе бидат нешто сосема друго во однос на минатогодишниот концерт кога се бликаше од енергија. Ќе ја има и на концертите во Филхармонија, но од друг аспект – ви подготвуваме програма која ќе ви измами солзи, но не од тага туку од задоволство. А, ќе споменам и дека ќе имаме едно специјално изненадување.

Потоа збор зема Кристијан Стефановски кој напомена зошто се решиле за Филхармонија а не за уште еден голем концерт во „Борис Трајковски“.



– Музичката програма која што Калиопи ја подготвува е токму за салата на Филхармонија, бидејќи ние немаме друг толку акустичен простор. Засега зборуваме за три концерти, но можни се и повеќе за кои се бара термин. Толку е голем интересот за овие концерти на Калиопи. Инаку, ние како продукција започнавме со странски имиња но сме пресреќни што сега имаме македонски уметници на кои им организираме концерти.

Ноншалантната и видно расположена Калиопи не одби никого за разговор, се сликаше со добро познатите ликови, и повторно ширеше позитивна енергија која на претстојните концерти можеме да ја очекуваме во изобилство.

Видео и Фото: Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

По 25 години чекање легендарните The Rolling Stones го одобрија „Satisfaction Skank“ на Fatboy Slim

По цели 25 години чекање, Fatboy Slim конечно ја доби официјалната дозвола од The Rolling …