(ВИДЕО+ФОТО) Интервју со Весна Писаровиќ: „Ова ќе биде моја прва средба со македонската публика и тоа ќе биде за мене голема возбуда и секако одговорност!“


Беше меѓу најголемите поп ѕвезди во Хрватска која го трасира патот на оваа држава на „Евровизија“, за да преку ноќ се пресели во Берлин каде се вљубува во друга музика…Годините минати во Берлин, Германија, ги користи за пронаоѓање себе, па сега е на два музички „колосеци“…
Весна Писаровиќ на 28.март 2026 година, на покана на „Евентум“ ќе има концерт во Филхармонија…По тој повод со неа разговаравме за музиката, жанрите, предизвиците пред првото појавување пред македонската публика…

На Инстаграм имаше инсерт од некое ваше интервју дека во Босна нема да пеете севдалинки а сето тоа звучи одлично?
– Па не знам што е тоа. Баш во Босна пеев севдалинки пред две недели на џез фестивал. Пеев на 7.11, беше во Сараево џез фестивал и настапив баш со севдалинки со нови аранжмани.


Слушав и баш ми се допадна па ме изненади тој инсерт?
– Пеев и организаторот ме повика намерно бидејќи мислеше дека севдалинката е сместена на еден таков авангарден џез контекст, така што направивме еден мал експеримент.

Но, се чувствува оној дух на седалинките.
– Да, да, мора да се чувствува, мило ми е што тоа го слушам. Бидејќи мислам дека мораш да останеш верен на формата а каков ќе биде аранжманот тоа е уметничка слобода, но формата мора да се почитува. Јас така мислам.


Што може скопската публика да слушне од Вас на претстојниот концерт.
– Мојот исклучителен поп репертоар, песните кои ги снимив од 2000 до 2005 година. Во, тој период беше нешто неверојатно, една хипер продукција. Снимив пет албуми во пет години и неверојатна работа е тоа што од пет албуми заживеаа толку многу песни така што моите концерти се два и пол часа и тоа се главно успешници што публиката ги знае. И она што е неверојатно е тоа што мене ме немаше 15 години на сцената бидејќи се бавев со џез. И, немав намера да се вратам на поп музиката, меѓутоа, еден случаен концерт во Загреб, кој беше распродаден во 16 минути пресуди да се организира и втор и трет и четврти и петти и… И сега тоа трае веќе седум години и не знам зошто и како бидејќи јас бев таа што сметаше дека треба да се создава свежо и ново, но преку џезот научив дека не е неопходно. Бидејќи преку џезот интерпретираш нешто што е создадено и секоја интерпретација во џезот е нова композиција. Така што јас денес тој мој поп иако тој настана пред 20 години го доживувам како нов, а зошто. Смислувам нови аранжмани. Свирам со одлични музичари, и стварно е секој пат како да е ново. Не се чувствувам како да рециклирам старо.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eventum (@eventum.mk)

Дали со петте албуми во пет години не им дадовте на слушателите време да ги примат сите тие песни?
– Да, можеби

Читав во едно ваше интервју дека токму со тие композиции наполнивте 5 загрепски арени, а секој концерт по 15.000 луѓе…
– Да, што е страшно многу. Кога веќе ме повикаа тоа да го работам мене тоа ми беше како покана за нешто невозможно, и многу се уплашив, како. Едноставно да бидеш и уметник и пејач, а тоа го научив преку џезот, ти мораш постојано да бидеш ранлив и понизен кон музиката. И никога не си ѕвезда кон музиката. Секогаш си мал и повторно учиш и пред секој проект ти почнуваш од нула. И јас никогаш не си дозволувам да бидам некој и нешто бидејќи кон музиката не можеш да бидеш некој и нешто. Но, кога сум сум на сцената тогаш мора да постои еден став, еден перформанс, но кај мене секогаш постои некој страв што мислам дека е здраво. Така што нормално дека се плашев од концертите во Арена, но беше волшебно. Таа вечер не се случи ниту еден инцидент. Обезбедувањето немаше никаква работа, а велат дека публиката толку гласно пеела што го надјакнувала разгласот од 105 децибели. Значи тоа беше рајски момент кога јас имав неверојатен тим. Собрав уметници кои не припаѓаат на шоу – биз сцената, уметници кои се алтернативни музичари и тоа не беше само да се одработи туку им беше предизвик – така што јас бев пред еден голем предизвик што создаваме од почетокот. И, така ден денес кога ќе дојдам во продавница и гледам дека и понатаму постои таа импресија и дека тоа за луѓето беше посебна вечер. Што мислам дека е многу битно за концерти од било кој вид. Луѓето да си заминат со некоја енергија и дома да си отидеш со впечаток.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by muzika.hr (@muzikahr)

Така и сите музичари без оглед на искуството ја имаат онаа позитивна трема.
– Голема, Бидејќи станува збор за одговорност.

Како се носите вие со таа трема, како се подготвувате за секој концерт, како ја совладувате тремата?
– Да имам систем би било едноставно. Но, немам. Некогаш таа ангажираност на умот и телото е толку голема што се разболуваш, што не е добро. Па, потоа инфузии, костестороиди, се снаоѓаш, и не смееш да го откажеш концертот. Не си во банка па да земеш боледување на 7 дена. Нема боледување, или извинување на публиката. Така што нема формула. И јас самата ја барам но веројатно никогаш нема да ја најдам. Тоа е еден животен процес и затоа оваа работа е прекрасна бидејќи е секогаш нова, како никогаш да не било вчера.

Овој викенд бев во Подгорица на концерт. Очигледно е дека сите што сте на бината примате и енергија од публиката.
– Апсолутно.

Тоа е фасцинантна атмосфера. Многу давате но и многу примате? Како да станува збор за некој бран.
– Апсолутно. Јас знам некогаш – да кажеме имам слики во телефонот кога не можам да станам од кревет и бендот ме вози во комбето, не можам да станам за тонска проба. Изгледам грозно, имам температура, халуцинирам од температура и не можам да го откажам концертот бидејќи е премногу вложено во тоа и доаѓам на сцената и полетувам, не знам од каде. И следниот ден оздравувам. Бев здрава. Да лежев дома сигурно дека 4 – 5 дена ќе ги минев во кревет. па и седум како секој нормален човек. Но, таа неергија која ја даваш а потоа кога ќе ти ја вратат, и тогаш сфаќаш до која мера сме ние и душа и тело, едно без друго не оди. Така што човек може да оздрави со музика…

Се чувствува таа енергија од публиката?
– Секако. Кога ќе влезеш во просторија чувствуваш покрај кого не би седнал. Кога ќе влезеш во воз веќе бираш каде ќе седнеш. Во, авион за жал не можеш да избираш па некогаш со часови се мачиш.

Што е она што пресуди да се свртите кон џезот баш во Берлин? Тоа многумина ги изненади колку што ги следев медиумите во тоа време
– Па, да. Многумина. И моите најблиски, и партнерот, мене не. Мене тоа ми беше нормално. Морав некаде понатаму да одам. Јас долго без незадоволна, како пеам и како пишувам, и како свирам, се заедно. Си мислев, имам 25 години, ако е тоа тоа тогаш е тажно. Не знам што понатаму. Запишав дури и магистерска по лингвистика. Некаде барав одговор, не бев повеќе среќна. Како да одев во круг. Како во оној филм кога секој ден се будиш со будилник, па ногата ти паѓа во вода…Така и јас се вртев во круг и така бев некое време незадоволна. И потоа настапив на мојот концерт за хрватската миграција. Тоа беше во Берлин. Но, останав еден ден подолго и спонтано отидов на џез концерт во еден клуб и таму го слушнав тапанарот и саксофонистот кој се вика Питер Броцман. И се сеќавам дека си нарачав пиво, кое инаку не го пијам. Но, си нарачав пиво и го гледав и јас доживеав нешто неописливо. Доживеав просветлување и си реков ако ова е музика и ако јас ја почувствував тогаш има одговор. Тогаш има одговор – тогаш ова е тоа. Тогаш тоа е тоа, таа импровизација. Значи тоа е џез. Но, од каде сега џез, каде да најдам џез. Јас сум поп пејачка и се плашев. Но, потоа одлучив да запишам Конзерваториум, една година се подготвував за аудиција, хармонија, пијано, глас и така. Отидов на аудиција и поминав. И Тоа беше посебен ден за мене.

Но, после продолживте?
– Тогаш упаднав во пеколот на џезот и тоа траеше и трае. Трае 15 години. Јас мислев дека тоа ќе биде само момент или една до две години, но што повеќе го учиш толку ти е подраг и подобар и отидов.

Како Весна се снаоѓа во поп музиката, па џезот?
– Со џезот секаде се снаоѓам, Кога тоа делумно ќе го проговориш, јас сметам дека делумно го проговорив, ми требаат можеби уште 20 години да почнам да бидам флуентна во тоа што мислам дека треба да бидам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 585 open air club (@585club)

Не сте ли премногу самокритични?
– Па, добро, треба да бидам самокритична. Сигурно нема да бидам самозадоволна и среќна.

Добро, но цел живот да сте критични сами кон себе?
– Јас сум критична. Некогаш успевам во тоа за што имам идеја. Имав една турнеја, два џез проекти, еден со севдах проектот. Една вечер беше магична, другата вечер не беше добро, тоа е постојано така. Затоа ние музичарите сме како зависници од дрога, го бараме тоа чувство да се случи музика. Затоа и вежбаме, затоа и сакаме уште, тоа е таа некоја глад. Но, убава глад.

Убава глад и оние вистински музичари кои ја чувствуваат таа музика кои ја создаваат за разлика од оние квази музичарите кои ги имаме „мал милион“
– Да, но сакаат слава, сакаат да бидат во центарот на вниманието, можеби имаат некоја каризма која им е интересна на луѓето, можат да се истакнат со некој свој квалитет, но можеби не ја сакаат доволно музиката. Но, можеби тоа и не е битно. Се додека се сите среќни – оние кои гледаат и оние кои тоа го продаваат.

Евровизија беше, ја воведовте Хрватска во тие води. Како Вие лично гледате на Евровизија? Во тој избор за „Песна на Евровизија“?
– Па на сите нас ни е јасно дека тоа е еден спектактл кој луѓето отсекогаш го гледаат и ќе го гледаат се додека постои човекот. Бидејќи тој сака да гледа натпреварување. Зад тоа е очигледен договор помеѓу одредени држави, за поделба на гласовите. Тоа е еден таков настан кој некои го гледаат од гласањето па понатаму некои гледаат до гласањето. На некои им е нешто интересно во тој триминутен спектакл. Музички ретко е случува нешто но исто така мислам дека во три минути е многу тешко да се каже нешто паметно, но може да се каже и во две минути. Ако се има што да се каже.

Кујни имаше ои кај нас во бивша Југославија кога се правеше домашниот избор
– Секогаш, па секогаш ги има тие приказни… Отсекогаш ги имаше, тие договори…И регионално и локално…

Но, „Рива“ победи, исто и Марија Шерифовиќ?
– Се може. Во тие три минути може многу да се каже, понекогаш и во две, ако се има што да се каже. Но, денес, со оглед на политиката не знам дали ќе ја следам Евровизија оваа година.

Што сака Весна да работи освен музиката?
– Да чита и вози велосипед.

Тоа сакав посебно да го прашам, за велосипедот?
– Не не се бавам со натпреварување. Јас сум соло возач. Не сакам натпревари од никаков тип, како што не сакам да се натпреварувам со песна, бидејќи тоа е премногу субјективно, така и не сакам да се натпреварувам со велосипед. Некои возат во групи но тогаш има компетиција што ми е стрес. Јас сакам да возам сама, и медитирам.

И во музиката, ми се чини, додека не создадете сте сами а потоа им давате на другите да видат и слушнат?
-Да, да тоа е многу самотија. Па тоа е нормално. Сите што се бават со креативна работа се сами, па анализираат, и кога тоа е зрело за презентација тогаш се бараат соговорници што е друга задача. Бидејќи не е лесно да ги најдете. Како и во пријателството. Така е и во музиката. Со некои кликнувате а кога ќе се кликне знаеме дека тоа се неверојатно соработки. Знаеме за Елтон Џон и Пол Макартни, тоа се тие некои соработки. И, тогаш се случуваат убави работи. И тоа е како и во љубовта и пријателството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vesna Pisarović (@vesna.pisarovic)

Како би ја оцениле музичката сцена сега во Хрватска? Дали е интересна?
– Не мислам дека е интересна, повеќе е вкоренета во некаков поп – рок, а мислам дека тоа повеќе не е жанр кој младите го слушаат и мислам дека премногу негативно гледаат на треп што мислам дека е добра музика. Исто така сметам дека американската и британската поп продукција падна во сенка бидејќи шпанската презеде – Порторико, Шпанија, од Бад Бани до Розалија, така да некои превирања на поп сцената се случуваат. И, нека се случуваат, некои земји ги следат, како да кажеме босанската, македонската многу повеќе отколку Хрватска. Некаде се зачаурија во тој поп-рок израз што мислам дека не може да донесе ништо повеќе мудро.

Мислам дека има премногу кланови во Хрватска?
– Токму тоа, не сакав да го кажам.

Сплитско, загрепско лоби…
– Се знаете. И повеќе го нема Дујмиќ, ниту Руњиќ, ниту има автори кои се бавеа исклучиво со тоа и беа нотирани и школувани за тоа. Повеќе нема аранжери кои се писмени.

Вие сте вон сите тие кланови, како да одите „со глава низ ѕид“. Нели е тоа многу напорно?
– Да, многу е напорно. Татко ми често ми го кажува тоа – „Зошто ти мораш да одиш по овој пат, нели можеш да избереш улица или некоја лента“. Ама не, не можам кога не можам. Не можам да паднам. Не можам да бидам компромис. Кому компромис, во име на што. Со што ќе правам компромис.

И зошто?
– Така е. И зошто, Немам два живота, а не верувам во реинкарнација значи немам премногу време за компромиси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vesna Pisarović (@vesna.pisarovic)

Понекогаш се трудиме иако знаеме дека е бадијала?
– Токму така.Мене ме занима што работам нов поп албум. Направив веќе неколку песни кои стојат во фиока бидејќи нешто промашив, не сум баш задоволна. Или се премногу артистички или не се доволно конкретни или биле премногу инспирирани со Скарлати, или биле премногу инспирирани со Каетано Белосо. Неколку години напоредно работев и џез нумери, но не е тоа тоа. Сето тоа е во фиока. Можеби еден ден нешто ќе извлечам од сето тоа но благодарение на тоа што почнав да станувам инспирирана со шпанскиот поп израз, со трепот и Лиом Барбани почнав повторно да го сакам попот бидејќи 20 години не го ниту слушав. Јас сега го засакав и повторно го добив чувството што е форма, тоа е таа суштина што попот треба да биде. Всушност попот го прави добра ритмичка секвенца. Било да е мелодиска, или ритмичка. Секој си сака своја музика, но се знае кога нешто е добро, кога има смисла.

Што да им порачаме на луѓето кои треба да дојдат на вашиот концерт?
– Што да им порачаме? Па тоа ќе биде моја прва средба со македонската публика и тоа ќе биде за мене голема возбуда и секако одговорност. Да добиеш покана да пееш во македонската филхармонија за својот прв концерт е навистина влегување на голема врата. Така што само се надевам дека се ќе се нареди. Концертот да биде успешен, да не се случи нешто непредвидено, И да биде убаво. Одговорноста е преголема а секако и возбудата.

Г.Оџакова

Фото: Евентум/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РОДИТЕЛИ ВНИМАНИЕ: Децата кои добиваат премногу подароци подоцна имаат 3 проблеми!

Истражувањата покажуваат дека материјализмот е поврзан со пониско ниво на среќа, а овие шеми се …