Семејството живеело во таванот на зградата, а кога избувнал пожарот биле заробени во станот…
Вистинската драма се случила утрово околу 3 часот во сараевската населба Мејтаиќ, кога полицијата, со помош на граѓаните, спасила четиричлено семејство, меѓу кои и двегодишно момче, од пожарот што го зафатил станот во трокатната зграда.
Патрола на припадници на Одделот за интервенции на Центарот за полициска администрација билр првите што пристигнале на лице место. Била извршена филмска акција на спасување. Семејството живеело во таванот на зградата, а кога избувнал пожарот биле заробени внатре.

Како што се приближувале пламените, очајниот татко го фрлил детето од покривот, а полицијата и неколку други соседи го фатиле во ќебе.
Драмата потоа продолжила кога тројцата возрасни, еден маж и две жени, морале да бидат извлечени од огнот. Во меѓувреме, пристигнале и пожарникарите и им дале неколку големи скалила со кои се спуштиле од со пламен зафатениот стан.
Сите се здобиле со изгореници и биле задржани на лекување во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево. Детето било сместено во педијатрија и немало повреди опасни по живот.
ekran платформа за слободоумни