Нема полесно од ова, а децата ќе полудат по овој сладолед.
Состојки:
12 бисквити (може да бидат петит, голден пек или кессс)
300 г овошје по желба
1 кесичка сладолед подготвен со млеко според упатствата на кесичката
100 мл млеко за потопување на бисквитите
Подготовка:
Истурете ја содржината од кесичката и измешајте ја со млеко (подгответе според упатствата од кесичката, обично треба околу 200, 300 мл млеко). Додадете малини или друго овошје и измешајте. Истурете малку арома на ванила за подобар вкус. Ставете бисквит на дното, потоа истурете ја смесата и повторно ставете ги бисквитите што претходно сте го потопиле во млеко. Ставете во замрзнувач да се замрзне, исечете и декорирајте по желба.
View this post on Instagram
Уживајте!
Фото: Принтскрин/Instagram