Вечерва во МКЦ ќе биде изведена тетарската претстава „Снег“ од Максанс Фермин во режија на Зоја Бузалковска

За јапонската култура македонската публика знае многу малку, а јапонските прозни и драмски дела се ретко поставувани на македонската театарска сцена. Иако прекрасната новела „Снег“ е дело на францускиот автор Максанс Фермин, таа во себе ја содржи срцевината на јапонската култура во најширока општествена и историска смисла. Освен тоа, таа е новела-мост помеѓу двете култури, онаа на Далечниот Исток и онаа на Западот. Во таа смисла, работата на еден ваков материјал е огромна провокација за целиот креативен и актерски тим, зашто подразбира истражување и учење на култура која е тотално различна од нашата, како и усвојување на низа вештини, потребни за да се раскаже оваа толку необична бајковидна приказна.

„Снег“ зборува за себепотрагата и за љубовта. Таа го следи патот на младиот поет Јуко Акита до себеси и до боите во неговите снежнобели хаику стихови. На тоа необично патување до разгатнувањето на тајните на уметничката креација, Јуко открива прекрасна, љубовна историја, нежна и суптилна, која засекогаш ќе го промени неговиот живот.


МКЦ, Денсинг сала, почеток, 20:00 часот. Билети ќе може да се купат на билетара на МКЦ и онлајн на
https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1441

„Снег“
Автор: Максанс Фермин
Режија: Зоја Бузалковска
Превод од француски јазик: Владимир Мартиновски
Извршен продуцент: Андреа Маркоска
Сценографија: Ненад Тонкин
Костимографија: Роза Трајчевска
Композитор на музика: Давид Ангелевски
Бушидо култура и сценски движења: Иванчо Горјанин
Консултант за јапонска култура и јазик: Chie Nagashima
Aсистенти на режија: Бојана Василевска и Моника Ставревска
Дизајн на плакат и прогама: Румена Најчевска и Павле Игновски
Техничка поддршка: Павле Игновски


ИГРААТ:
Марјан Наумов
Томислав Давидовски
Александар Степанулески
Јанка Лефкова
Ава Хусеини
Лазар Христов
Нела Павловска
Мартин Мазнев

Проектот е поддржан од Министерство за Култура и туризам.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Во спокој“ – Самостојна изложба на Анита Огњановска

Изложбата насловена „Во спокој“ е деветта самостојна изложба на Анита Огњановска, чие отворање ќе се …