ТРИ ЧАСА СЕ ДОВОЛНО ЗА СЕКОЈ ГОСТИН: Како учтиво да му кажете на некој да си оди дома?

„За секој гостин доволни се три дена“, е реченица која секогаш ја користеле нашите баби и дедовци. Но, времињата се сменија и сега гостинот е пожелно да си замине по неколку часа.
Празничните собири се идеална можност да поминеме време со оние кои најмногу ги сакаме, но овие собири често знаат да бидат крајно заморни, особено ако домаќините работат или имаат обврски со децата следниот ден. Или ако едноставно се навикнати да си легнуваат порано. За овие категории луѓе, покрај организирањето на вакви дружења, најголем предизвик е како суптилно да им порачаат на гостите дека е време полека да се разделат. За среќа, постојат експерти за бонтон кои имаат адекватен пристап дури и за такви нестандардни, деликатни ситуации.

Ограничете го дружењето однапред
Доколку не сакате вашите гости да доцнат, затоа што сте уморни или поради обврските мора да станете рано утре, можете да го одредите времето на состанокот веќе кога ќе ги повикате истите. Се разбира, не директно, за да не се навредат. На пример, можете да напишете нешто како „Средбата е планирана за петок попладне“ во пораката (или на поканата). На овој начин дискретно ќе им дадете до знаење на гостите дека не можат да останат до доцна и ќе ги подготвите да си одат дома рано навечер, а не доцна навечер.


Резиме на вечерта
Доколку однапред не сте го ограничиле дружењето и се чувствувате уморни додека гостите се уште се кај вас, можете полека да почнете да ја приведувате вечерта до крај со потсетување на нејзините најнезаборавни моменти. „Изразете им благодарност на гостите што одвоиле време да дојдат кај вас и што ја направија заедничката вечер незаборавна“, советува експертот. „Се разбира, направете го тоа тактично – не ги облекувајте пижамите додека се уште се таму за да ги натерате да си тргнат што е можно поскоро“, се пошегувала таа.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Собор на Пресвета Богородица

Собор на Пресвета Богородица На вториот ден од Божик христијанската Црква ? оддава слава на …