(ВИДЕО+ФОТО) Холанѓаните се натпреваруваат во отстранување на бетонски плочи: Ги заменуваат со цвеќиња, а има само едно важно правило

Холанѓаните направиле национален спорт и од отстранувањето на бетонските површини.
Холанѓаните се многу познати по грижата за животната средина и природата, а тоа го покажува и натпреварот во кој жителите секоја година се натпреваруваат за раззеленување на дворовите.

Натпреварот за отстранување плочки и бетон, локално познат како „tegelwippen“, било создадено од креативната агенција „Френк Ли“ во 2021 година за да ги поттикне граѓаните на зелени урбани простори.
„Tegelvipen“ сега може да се нарече национален спорт, а мештаните се обидуваат бетонските делови од своите градини и дворови да ги заменат со растенија или дрвја. После тоа треба да го објават својот потфат на социјалните мрежи.


„Кога панелите ќе се заменат со трева, цвеќиња или дрвја, Холандија станува поотпорна на климатските промени, посоодветна за инсекти и животни, поладна во топлите денови и затоа многу поубава“, стои во објаснувањето.
Како што се додава, „сакавме да преминеме од сиво во зелено. Затоа што тоа ве прави посреќни“.

Холандија е исто така подложна на екстремни временски услови, а обилните дождови многу ги оптоваруваат локалните канализациски и одводни системи, така што помалку бетонски површини може да направат голема разлика во собирањето вода.


Колку овој проект е успешен говори податокот дека во 2024 година во Холандија биле отстранети 5,5 милиони плочи, што е нов рекорд.
Во текот на изминатата година повеќе од 200 општини се натпреварувале од 21 март до 31 октомври.

Отстранетите бетонски плочи локалните власти ги одземаат целосно бесплатно со помош на возила кои доставуваат и цвеќе за садење.
Во овој необичен, но корисен натпревар има едно важно правило – јавните бетонски површини не смеат да се отстрануваат.
Оние кои немаат двор или градина, можат да побараат дозвола од надлежните да направат „фасадна градина“ – лента зеленило помеѓу тротоарот и предниот дел на нивниот имот.
Минатогодишните победници беа општините Венло, Влардинген и Халдерберг, кои отстранија најмногу плочи по глава на жител и со тоа ја добија симболичната награда – златна лопата.

Венло добил и „златна плоча“ за најмногу отстранети плочки – 414.395.
Наградени биле и поединци кои најмногу се истакнале.

Фото: Принтскрин/Youtube/Departement Omgeving

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Телеком донира 6 милиони денари за помош на семејствата на настраданите во Кочани

Во овие тешки времиња за целата нација, длабоко жалиме за младите изгубени животи во трагедијата …