Професорката по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Сара Пројковска, која беше придружен вокал во групата „ДНК“, го загуби животот во пожарот во дискотеката во Кочани. Тажната вест ја соопшти факултетот на кој Сара предавала.
„Со длабока тага и неверување ве известуваме дека нашата колешка, проф.д-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидена трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добро девојче…“, пишува во објавата на социјалните мрежи. Веста за нејзината трагична смрт ја потресе Македонија, а колегите и пријателите се простуваат од неа со трогателни пораки и изрази на сочувство до нејзиното семејство.
View this post on Instagram
Пројковска беше самохрана мајка на две деца, а нејзиниот сопруг, трубачот и професор Александар Николовски, почина во 2021 година на 48-годишна возраст. Таа во текот на својата кариера пееше придружни вокали за речиси сите поп пејачи во Македонија. Сара и Ана Костадиновска беа дуото без кое не можеше да се замисли настап на некој изведувач.
View this post on Instagram
Најмалку 59 лица загинаа.
За потсетување, во пожарот што избувна во саботата во ноќниот клуб „Пулс“ во македонскиот град Кочани загинаа најмалку 59 лица, а уште 22 се во критична состојба. Се претпоставува дека во моментот на пожарот во ноќниот клуб имало 500 луѓе.
Покрај Сара, од бендот ДНК е потврдена смртта на клавијатуристот Филип Стефановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горѓи Горѓиев и Андреј Горгиевски, еден од пејачите. Загинаа и Игор Велков, тапанарот на групата ДНК и битбоксерот Мартин Атанасовски, познат како Мартин Буцо.
Еден од пејачите на бендот ДНК, Владимир Блажев Панчо е во болница на респиратор, со изгореници по целото тело.
Ана Костадиновска е на домашна нега.
Фото: Принтскрин/Instagram