Фото: Википедија

„Тик-Так“ – нов сингл и спот на Таско со кој го најавува својот нов албум


Нашиот познат музичар Таско го промовираше својот најнов сингл „Тик-Так“, како втор сингл од неговиот претстоен албум „Рани од злато“. Песната, која веќе собра над 25000 прегледи на YouTube откако беше премиерно објавена на 11 ноември 2025 година, го носи препознатливиот стил и ритам на Таско.

Песната е комплетно продуцирана од Urban Records, а музиката и текстот се дело на Таско. За аранжманот и битот е задолжен Glory, додека за квалитетот на звукот се погрижија Иван Јованов-Ивајо и Таско со микс и мастеринг.


Музичкиот спот е режиран од Никола Наумовски, кој исто така ја потпиша и кинематографијата, монтажата и колор-корекцијата, додека извршни продуценти се Таско и  Наумовски. Видео клипот ја носи естетиката на модерната визуелна продукција и го нагласува енергичниот и динамичен карактер на песната.

„Тик-Так“ ја потврдува континуираната посветеност на Таско да создава музика која комбинира модерни ритмови и уникатен израз, и претставува важен дел од неговиот нов албум кој се очекува да ја освои публиката.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На денешен ден – „21“ на Адел е прогласен за најпродаван албум на 21 век во Британија

На 5 декември 2011 година, Адел со својот втор студиски албум, легендарниот 21, беше прогласена …