Покрај лековите, нивото на шеќер во крвта може да се следи и на поприроден начин, со консумирање здрава храна која може да помогне во контролата на нивото на шеќер. Ако имате проблеми со шеќерот или едноставно сакате подобро да се грижите за вашето здравје, можеби ќе сакате почесто да вклучувате некои (или сите) од овие намирници во вашата исхрана.
Нутриционистката Тара Колингвуд ги издвоила најдобрите прехрамбени опции за порталот Eat This, Not That кои често треба да бидат на менито доколку сакате подобро да го контролирате шеќерот. „Ниту една намирница нема да делува како лек или инсулин и веднаш ќе го намали шеќерот во крвта“, објаснува таа. Сепак, конзумирањето одредени видови намирници може да помогне, што значи дека таквите намирници не го зголемуваат шеќерот во крвта толку брзо и помагаат да се ублажи наглото зголемување на гликозата.
Бобинки
Треба да јадете бобинки од многу причини, а една од нив е контролирање на нивото на шеќер во крвта. Боровинките, јагодите и малините содржат антиоксиданси и растителни влакна кои ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот“, истакнува нутриционистот. Можете да ги додадете во јогурт или овесна каша или едноставно да уживате во нив како здрава и вкусна овошна закуска и замена за слатки полни со шеќер.
Јаткасти плодови и семиња
Јаткастите плодови и семките исто така можат да помогнат во намалувањето на шеќерот во крвта. Како што објаснува нутриционистот: „Бадемите, оревите, чиа семето и лененото семе се богати со здрави масти и растителни влакна, кои помагаат да се спречат нагли скокови на шеќерот во крвта“.
Лиснат зеленчук
Колингвуд советува често консумирање зелен зеленчук за да се одржи колку што е можно постабилен шеќерот во крвта. „Спанаќот, кељот и блитвата се ниски со јаглехидрати и богати со влакна, кои помагаат во регулирањето на нивото на шеќер во крвта“, вели нутриционистот. Најдобро би било да ги јадете секој ден или барем неколку пати неделно.
Авокадо
Покрај овие намирници, нутриционистот препорачува и консумирање авокадо. Како што објаснува, авокадото е „богато со здрави, мононезаситени масти и влакна. Авокадото помага да се стабилизира нивото на шеќер во крвта“.
Јајца
Една од важните намирници што е добро да се консумира се јајцата, познати како одличен природен извор на протеини. Колингвуд истакнува за јајцата: „Богати со протеини, малку јаглехидрати и полни со здрави масти, јајцата го забавуваат варењето и можат да спречат нагли скокови на шеќерот во крвта“, известува Eat This, Not That.
Грав и леќа
Гравот и леќата се уште една група на намирници кои треба редовно да ги јадете. Полни се со влакна и протеини, кои ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот во крвотокот“, истакнува нутриционистот.
Цимет
Циметот е зачин кој не треба да го игнорирате. „Истражувањата покажаа дека ја подобрува чувствителноста на инсулин и го намалува нивото на шеќер во крвта после оброците“, заклучува Колингвуд. Како можете лесно да додадете цимет во вашата исхрана? Посипете го на овесна каша, јогурт или додадете го во чај или кафе.
Фото: Архива