Тестенините со сос од кељ и ореви се идеални за пост на вода, многу вкусни и лесни.
Состојки:
200 гр кељ
100 гр ореви
180 гр тестенини
1 парче леб
150 мл млеко од растително потекло
2 лажици свеж магдонос
1 чешне лук
Подготовка: за да направите паста со кељ, прво исчистете го кељот и исечете го на парчиња. Загрејте тава, додадете ги оревите и пржете ги на средна топлина 2-3 минути. Исклучете го огнот и оставете на страна. Во големо тенџере зовријте вода и бланширајте го кељот 1 минута, а потоа префрлете го со дупче лажица цедалка и оставете го на страна.
Додадете ги тестенините во зовриената вода и варете 8-10 минути. Во меѓувреме, во блендер ставете ги тостираните ореви, лебот, растителното млеко, магдоносот и лукот и измешајте додека не добиете густа конзистентност на сосот. Убаво зачинете со сол и црн пипер.
Загрејте ја тавата уште еднаш и додадете го кељот. Пржете го лесно 3-4 минути, а потоа исклучете го огнот. Кога тестенините ќе се сварат, исцедете ги и вратете ги во тенџерето. Додадете го сосот од ореви и измешајте да се соедини. На крај додадете го кељот и промешајте. Пријатно!
Зошто е корисно да се јаде кељ?
Кељот е неверојатна суперхрана, бидејќи е преполна со хранливи материи и една од најхранливите намирници на планетата. Богат е со витамин Ц и витамин А, кој го зајакнува имунитетот и е добар за здравјето на кожата. Содржи и магнезиум, манган, железо, бакар и фосфор, како и витамини од групата Б.
Фото: Архива