ПОЗНАТА АМЕРИКАНСКА ПЕЈАЧКА (26) ТРАГИЧНО НАСТРАДАЛА: Настапувала со групата „One Direction“ – тажната вест ја потврдило неутешното семејство


Пејачката Камерин Магнес, која настапувала со One Direction, починала на 26-годишна возраст во тешка несреќа во Форт Мајерс.
Американската пејачка Камерин Магнес, позната по турнејата со познатиот бенд One Direction, трагично го загубила животот на 26-годишна возраст откако била удрена од возило додека возела електричен тротинет.
Несреќата се случила минатиот петок во Форт Мајерс, Флорида, а веста за нејзината смрт била потврдена оваа недела на нејзините официјални профили на социјалните мрежи.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by ¢amryn (@camrynrocks)


Семејството ја објавило трогателната изјава
Во објавата на Инстаграм пишува:
„Нашите срца се скршени додека тагуваме по нашата сакана Камерин, зрачна душа чиј глас, насмевка и светлина допреа толку многу животи. Без разлика дали беше под брановите или на сцената, таа храбро се соочи со животот, со бескрајна љубезност. Во тишината меѓу брановите, нејзиното сеќавање ќе се појави – јасно, смело, незаборавно. Почивај во бескрајното синило, наше мило девојче. Засекогаш си сакана и засекогаш ценета. Ве молам, држете ги нејзиното семејство и пријателите во молитви додека минуваат низ ова тешко време.“


Таа започна како дете на YouTube и стигна до Холивуд
Камерин ја започнала својата музичка кариера многу рано – таа веќе објавувала видеа на YouTube на осумгодишна возраст. Нејзината харизма и талент брзо ја довел до договор со издавачка куќа, по што се преселила во Лос Анџелес и сериозно зачекори во светот на музиката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ¢amryn (@camrynrocks)

Нејзиниот прв сингл „Wait and See“ беше претставен и во семејниот филм од 2011 година „Judy Moody and the Not Bummer Summer“, што дополнително го привлекло вниманието на јавноста кон младата пејачка.

Таа ги остави зад себе семејството и свршеникот
Пејачката ги остави зад себе своите родители, Сара и Гари, братот Кејбл и сестрата Челси, како и нејзиниот свршеник, Кристијан. Нејзиното семејство ја замолило јавноста за приватност додека минуваат низ голема тага.

Фото: Принтскрин/YouTube – Camryn

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДОСТА СТРАДАЛЕ: Почнувајќи од вчера, започнува периодот на преродба за 3 хороскопски знаци – тие ја преземаат контролата и нивната самодоверба се враќа

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …

/** * Note: This file may contain artifacts of previous malicious infection. * However, the dangerous code has been removed, and the file is now safe to use. */