ПОПУЛАРНИОТ ВОДИТЕЛ Жика Јакшиќ конечно открил: Зошто се развел од 24 години помладата Дијана


Тие се разделиле пријателски, а по пропаѓањето на бракот се шпекулираше зошто всушност се развеле…
Јакшиќ ја откри вистината дури шест години подоцна. По сите негови искуства, тој признал дека повеќе нема намера да застане пред олтарот.
– И двата пати решив дека сакам развод. И не беше лесно да се донесе таа одлука, ниту се носи во афект. Човекот мора прво да се бори за да го спаси својот брак, но кога ќе види дека не може, треба да го прекине. И да се обиде да ја направи штетата што е можно помала. Кога престанав да се чувствувам добро во браковите, излегов од нив. И не сакам да звучам како да барам изговори, но навистина беше најдобро за сите. Ако е некаква утеха, со двете бивши сопруги имам одличен однос, се разминавме цивилизирано – изјавил Јакшиќ.
Тој истакнал дека тоа е најдобриот начин и дека во разводите не треба да се бара виновникот.
-Секогаш редовно се гледав со моите синови, бидејќи и двете мои поранешни сопруги се разумни и квалитетни луѓе. Секогаш ги стававме децата на пиедестал и се мораше да биде во нивен интерес. Моите синови Душан и Андрија се сакаат и имаат феноменален братски однос – изјавил тој за Hit Informer.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

4 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ НА СЕРИОЗЕН ТЕСТ ВО 2026 ГОДИНА: Сè што избегнувале доаѓа на наплата

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …