Овие намирници треба да се избегнуваат по 40-годишна возраст: Го забавуваат метаболизмот


Со текот на годините, губењето на тежината и одржувањето на телесната тежина станува сè потешко поради природното забавување на метаболизмот и промените што доаѓаат со стареењето.


Иако забавувањето на метаболизмот е нормално, можно е да се ублажи ефектот со промена на исхраната. Експертите за здравје и исхрана издвоија неколку намирници што луѓето над 40 години треба да ги избегнуваат, бидејќи дополнително го забавуваат метаболизмот.

Меѓу нив е белиот ориз, кој содржи помалку влакна, што го отежнува регулирањето на шеќерот во крвта и може да поттикне прејадување.


Консумацијата на бел ориз треба да се намали на минимум. Му недостасуваат влакна и хранливи материи, што доведува до брзо зголемување на шеќерот во крвта. Со текот на времето, ова придонесува за инсулинска резистенција и воспаление. Наместо тоа, на пациентите им се советува да избираат интегрални житарки, кои обезбедуваат влакна и со тоа постабилен одговор на шеќерот во крвта“, рекол д-р Кубанич Такорбашев за SheFinds.


Исто така, некои маргарини содржат транс масти и други нездрави масти кои го поттикнуваат воспалението, а хроничното воспаление е поврзано со метаболички проблеми.

Нутриционистката Јохана Енгмен изјавила: Маргаринот и другата пржена храна содржат транс масти, за кои е познато дека го зголемуваат лошиот холестерол и го намалуваат добриот холестерол. Оваа нерамнотежа може да доведе до атеросклероза, состојба што го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Внимателното читање на декларациите и избегнувањето на производи со делумно хидрогенизирани масла може да помогне во намалувањето на внесот на транс масти“.

Преработените производи како што се колбасите и саламата често содржат адитиви, конзерванси, нитрити и големи количини на натриум, што може негативно да влијае на метаболизмот и да го поттикне зголемувањето на телесната тежина.

Нутриционистката Емили Џонсон истакнува: Колбасите и хот-договите имаат висока концентрација на заситени масти и натриум. Тие често содржат конзерванси како нитрати, кои го нарушуваат метаболичкото здравје и водат до зголемување на телесната тежина“.

Дополнително, одредени растителни масла може да содржат скриени транс масти или делумно хидрогенизирани масла.

Диететичарката Џил Монген предупредува: Транс мастите и хидрогенизираните масла се познати по тоа што доведуваат до срцеви проблеми како што се висок холестерол и долгорочни затнати артерии“.

Фото: Pixabay

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОВИЕ ПОДАРОЦИ НЕ СЕ НОСАТ НА ДОМАЌИНОТ ЗА СВЕТИ НИКОЛА: Се верува дека носат лоша среќа!

Ако моментално размислувате што да понесете на забавата како подарок, ова е вистинскиот текст за …