На интернет се појавила бизарна снимка од свадба во Херцеговина, на која три девојки се тепале за бидермаерот.
Моментот кога невестата го фрла бидермаерот е интересен за девојките бидејќи според народните верувања таа што ќе го фати е онаа следната што ќе се мажи. Сепак, ретко која девојка верува дека следна ќе се мажи ако навистина го фати бидермаерот.
View this post on Instagram
Сепак, судејќи по видеото од свадбата во Љубушко, има и девојки кои се уверени во веродостојноста на оваа легенда.
Имено, невестата во Љубушко го фрлила својот бидермаер, а зад неа стоела група девојки. Откако невестата го фрлила бидермаерот, зад нејзиниот грб почнала да се одвива „вистинската драма“.
Три девојки го фатија бидермаер и ниту една не сакала да се откаже од него додека сите гости се смееле, но и се чуделе.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни