(ФОТО) Се препуштиле на страста – Шон Пен има нова љубов, папараците го „уловиле“ како страсно се бакнува со многу помлада актерка…

Шон Пен (64) страсно ја бакнувал младата молдавска актерка Валерија Ницов на улиците на Мадрид. Нејзината возраст сè уште не е позната, но се верува дека има дваесетина години.
Тие уживале во ноќното излегување, а потоа се упатиле кон хотелот. Папараците ја „уловиле“ Валерија со Шон Пен неколку месеци откако била видена со Хантер Бајден, синот на Џо Бајден.
Досега има остварено улоги во филмовите „Tenor“, „Paris Pigalle“ и „Lineman Up: Storm Soldiers 3“, кои не се толку забележливи.

Шон минатата година ја прекина врската со актерката Натали Кели. Од 2020 до 2022 година, тој беше во брак со актерката Лејла Џорџ.
Со поранешната сопруга Робин Рајт има две деца – ќерката Дилан и синот Хопер. Во доцните 1980-ти, тој беше во брак со Мадона.


 


Тој неодамна во интервју за Њујорк Тајмс изјавил:
„Едноставно сум слободен. Ако сакам да бидам во врска, сепак ќе бидам слободен или нема да бидам во врска и нема да се повредам. Не верувам дека љубовта повторно ќе ми го скрши срцето“.
Тој исто така рекол дека избегнува драма во врските и дека колешките од филмската индустрија му покажале дека врските не мора да бидат драматични или исцрпувачки.

Фото: Принтскрин/X


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Поради карцином и ги извадиле ДВЕТЕ ГРАДИ, а потоа дознала за СТРАШНАТА ДИЈАГНОЗА: „Се тресев кога ми кажаа“

Октомври е месец на борбата против ракот на дојката, злобна болест која не штеди и …