КАКО ОСАМЕНОСТА ВЛЈАЕ ВРЗ НАШЕТО ЗДРАВЈЕ? Еве што вели новото истражување!


Според експертите, осаменоста може да влијае на менталното и физичкото здравје, а нов извештај ја категоризира како „скриена епидемија“.
Анкетата на Американското психијатриско здружение за 2025 година покажала дека 33 проценти од возрасните доживеале чувство на осаменост најмалку еднаш неделно во текот на годината – зголемување од три проценти во однос на претходната година.
Нова студија објавена во списанието PLOS One ја идентификувала осаменоста како „силен и независен предиктор за депресија и лоши здравствени исходи“. Осаменоста има способност да влијае на „секој аспект на здравјето“, и менталното и физичкото, забележале авторите. За да го измерат влијанието на осаменоста, истражувачите прво прашале 47.318 Американци на возраст меѓу 18 и 64 години: „Колку често се чувствувате осамено?“


Севкупно, повеќе од 80 проценти од учесниците пријавиле одреден степен на осаменост, при што жените „постојано“ пријавуваат поголема веројатност за депресија и денови со лошо ментално здравје од мажите.
– Нашата студија истакнува дека осаменоста не е само емоционална состојба – таа има мерливи последици и за менталното и за физичкото здравје. Решавањето на проблемот со осаменоста може да биде клучен приоритет на јавното здравје за намалување на депресијата и подобрување на општата благосостојба – заклучиле авторите, пренесува Best life.

Како да се борите против осаменоста?
Брзиот одговор овде е да пронајдете нови начини за дружење и зајакнување на постојните односи. Психолозите препорачуваат да се вложи свесен напор за зајакнување на постојните односи.
– Ова може да биде со пријател, член на семејството или навистина со некој што ви е важен. Редовно закажаната посета за зближување може да помогне во продлабочувањето на врската што веќе ја имате, а исто така да ве потсети дека наскоро ќе имате точка на контакт со некој што ви е важен, советува терапевтот Колин Маршал.


Фото: Pixabay

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

6 НАЈВАЖНИ ПРАВИЛА КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Еве како да ја одржите блискоста и да го направите вашиот дом безбедно пристаниште

Вистинската блискост се создава во живо, а не преку испраќање пораки или јавување. За повеќето …