Истражувањата покажале – Маснотиите на стомакот не се нужно лоши, тие помагаат да се одржи здравјето на мозокот

Висцералните маснотии, или салото на стомакот, играат клучна улога во одржувањето на здравјето на мозокот, покажа новото истражување.
Се разбира, тоа не значи дека дебелината е здрава. Пред сè, треба да се забележи дека премногу маснотии може да биде лошо за вашето здравје. Новото истражување беше објавено во списанието GeroScience и беше спроведено од истражувачи од Универзитетот Тохо во Јапонија.
Тимот се фокусирал на врската помеѓу висцералните масти и BDNF, протеин од витално значење за меморијата, учењето и регулирањето на расположението. BDNF го промовира растот, преживувањето и поврзувањето на мозочните клетки.
Високите нивоа на BDNF се директно поврзани со подобрената функција на мозокот. Како што старееме, нивото на BDNF се намалува, што доведува до губење на меморијата или лошо когнитивно функционирање.
Студијата покажала дека CX3CL1, протеин произведен од висцерална маст, активно придонесува за одржување на здрави нивоа на BDNF.
Иако мозокот неизбежно се менува со возраста, експертите се согласуваат дека давање приоритет на исхрана богата со хранливи материи, редовна физичка активност, управување со стресот, квалитетен сон и когнитивен „тренинг“ може да помогне во заштитата на здравјето на мозокот.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Река од подароци за Денот на жената во dm 

Денот на жената, 8 Март, е празник во кој ја славиме еманципацијата на жените и …