„И јас сум на Водно“ – Отворање на сезоната 2025


Овој настан не е само заедничко планинарење, туку е движење за поттикнување на свеста за здрав живот, заштита на животната средина и активно учество во создавањето на подобра иднина.

Заедно со нашите партнери, ProCredit Bank, Mastercard, продолжуваме со нови еко-иницијативи кои ќе го поттикнат развојот на здрави навики, одговорно однесување кон природата и акција за климатски промени.


Во 2024 година, заедно успеавме да постигнеме неверојатни резултати:
Скениравме над 2.982 QR кодови, што резултираше со засадување на 8.946 нови дрвја! Ова е само еден од многуте чекори кон заштита на природата и изградба на поодржливи заедници.

Во 2025 година продолжуваме уште ПроАктивно.


Од оваа година, ProCredit Bank и Mastercard имаат нова платформа која ќе биде дел од овие иницијативи и ќе донесе нови можности за сите нас. За повеќе детали за оваа платформа, наскоро ќе слушнете повеќе!

Заедно ќе продолжиме да ги разбудуваме свеста и љубовта кон природата, да создаваме позитивни промени и да се забавуваме на истиот пат.


Отворање на настанот – денес во 19:00 часот во планинарскиот дом Даре Џамбаз.

Напомени: Однесувајте се одговорно кон себе си и планината. Не фрлајте отпадоци, носете планинарски кондури со непролизгувачки ѓон. Внимавајте каде газите, хидрирајте се и обавезно понесете челна ламба или друг извор на светлина и полн мобилен телефон. Сакајте се себе и другите. Секој доаѓа на сопствена одговорност.

Апелираме на присуство без моторни возила. Рампата на средно Водно ќе биде затворена!

Нека започне сезоната 2025!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Познат тапанар ЗАГИНАЛ ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА: Непосредно пред смртта, ја објавил ОВАА ФОТОГРАФИЈА и сè е морничаво, семејството е очајно од тага

– Тапанарот Даниел Вилијамс, поранешен член на бендот „Ѓаволот носи Прада“, загинал во авионска несреќа …