(ВИДЕО+ФОТО) Легендарниот актер кој се прослави во серијата „Кафуле на здравје“ починал на 76-годишна возраст


Во текот на годините што ги помина во серијата, Вендт шест пати бил номиниран за наградата Еми.
Џорџ Вендт, актерот најпознат по улогата на Норман Питерсон во серијата „Кафуле на здравје“, починал на 76-годишна возраст, објави TV Insider.
Тој починал мирно во сон во вторник наутро, потврдило неговото семејство. Семејството ѝ соопштило на јавноста дека бара приватност, додавајќи дека Џорџ бил грижлив семеен човек, сакан пријател и доверлив човек на сите што имале среќа да го познаваат.


Освен што е еден од редовните гости во барот во хит комедијата на NBC, Вендт е и чичко на комичарот Џејсон Судеикис. Во текот на годините поминати во серијата „Кафуле на здравје, Вендт бил номиниран шест пати за наградата Еми во категоријата најдобар спореден глумец во комедија. Тој ја забавуваше публиката во текот на сите 11 сезони, кои беа емитувани од 1982 до 1993 година.


Тој ја продолжи својата актерска кариера во филмови како „Dreamscape“, „Fletch“ и „Gung Ho“. Тој исто така глумеше со Роберт Де Ниро и Анет Бенинг во филмот „Guilty by Suspicion“. Сепак, тој е најпознат по своите телевизиски улоги. Неговото последно телевизиско појавување беше во 9-тата сезона на шоуто „The Masked Singer“.


Тој ги остава зад себе сопругата, актерката Бернадет Биркет, со која беше во брак од 1978 година, нивните деца Хилари, Џо и Даниел, и посиноците Џошуа и Ендру.

Фото: Принтскрин/Социјални мрежи

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) „The Waterfront“ – Серијата на Netflix ги „прикова“ гледачите пред малите екрани: Приказна за едно „обично“ семејство вмешано во криминал

Серијата на Netflix, „The Waterfront“, во режија на Кевин Вилијамсон, ги „прикова“ гледачите пред малите …