Актерката и модел Елизабет Харли (59) ги воодушевила обожавателите позирајќи во розово бикини и собрала бројни комплименти на социјалните мрежи.
Елизабет на социјалните мрежи споделила фотографија направена на Малдивите, на која позира во морето. Таа е во провокативно издание, истакнувајќи ја својата витка линија, која предизвика лавина позитивни коментари кај нејзините фанови.
„Бакнежи од рајот“, напишала актерката во описот на фотографијата.
View this post on Instagram
„Која е твојата тајна“, „Секогаш си совршена“, „Се заљубив“, „Убава како и секогаш“, „Како можеш да изгледаш толку неверојатно на 59 години?“, „Најубавата жена на светот“, беа дел од коментарите.
Инаку, Елизабет е позната по промовирањето на сопствениот бренд наречен Elizabeth Hurley Beach.
View this post on Instagram
Исто така, актерката неодамна го привлече вниманието на јавноста со тоа што откри дека фотографот зад нејзините познати бикини слики е нејзиниот син Демијан. Оваа вест не помина без критики, но актерката брзо реагираше, велејќи дека се чувствува „поопуштено“ кога нејзиниот син е зад камера.
Фото: Принтскрин/Instagram