Лорејн Николсон, ќерката на легендарниот холивудски актер Џек Николсон, на социјалните мрежи сподели неколку фотографии направени за време на празничната сезона со членовите на нејзиното семејство.
Меѓу нив е и ретка слика од нејзиниот татко, 87-годишниот Џек Николсон, кој во последно време ретко се гледа во јавноста.
„Сезона на давање“, ги навела Лорејн на фотографиите. Во една од нив таа го гушка својот татко додека позираат пред камера.
View this post on Instagram
Лорејн и самата е актерка, а на фотографиите бил и нејзиниот помлад брат Рејмонд Николсон, кого Џек го добил со поранешната партнерка Ребека Брусард, како и други членови на семејството. Сепак, токму фотографијата на Џек привлекла најголемо внимание.
„Одлично е да се види оваа слика од татко ти“, „Кажи му на тато да се врати пред камерите“, „Изгледа одлично“, „Убаво е да се види Џек“, беа дел од коментарите на објавата.
Џек последен пат беше фотографиран во јавноста во април 2023 година на натпревар на ЛА Лејкерс. Неговиот последен филм беше „Како знаеш“ од 2010 година.
Неодамна имаше информации дека Џек се бори со деменција и дека има проблеми со меморирање на текст, но новинарот Бил О’Рајли ги негираше обвинувањата, нарекувајќи ги лажни.
Фото: Принтскрин/Instagram