Списанието „People“ објави дека ќерката ги пронашла телата, а се сомнева дека познатиот актер Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел биле убиени од синот…
Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел биле пронајдени во нивниот дом во Лос Анџелес од нивната ќерка Роми, објави „People“.
Според извори, Роб и Мишел биле убиени од нивниот син Ник.
Противпожарната служба на Лос Анџелес прва пристигнала на местото на злосторството околу 15:30 часот во недела, 14 декември. Првите луѓе што пристигнале во домот рекле дека пронашле мртви маж и жена – а жртвите подоцна биле идентификувани како Роб и Мишел.
Според неофицијални извори, тие биле убиени од нивниот син Ник.
View this post on Instagram
Ник со години се борел со зависност од дрога, поради што со години бил бездомник. Тој ја опишал својата агонија во автобиографскиот филм „Биди Чарли“, за кој бил ко-сценарист, додека неговиот татко му помогнал да го направи овој филм.
View this post on Instagram
Роб беше режисер, продуцент и актер кој се прослави играјќи го Мајк во ситкомот на Норман Лир „Сите во семејството“. Како режисер, тој режираше омилени филмови како „Спинал тап“ (1984), „Остани со мене“ (1986), „Невестата принцеза“ (1987), „Кога Хари ја запозна Сали“ (1989), „Несреќата“ (1990) и „Неколку добри луѓе“ (1992).
Тој и Роб Мишел се запознле кога Роб го режирал „Кога Хари ја запозна Сали“, а двојката се венчала во 1989 година и добиле три деца: Џејк, Ник и Роми.
Роб имал и едно посвоено дете.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни