(ФОТО) Кејт Винслет за лековите за слабеење и козметичките процедури: „Страшно е што луѓето им прават на своите тела“


Кејт Винслет, британската актерка и добитничка на Оскар, отворено зборувала за зголемената употреба на лекови за слабеење и естетски третмани кои денес се присутни повеќе од кога било.
Во интервју за „Sunday Times“, објавено во саботата, 6 декември, Винслет изразила длабока загриженост за популарноста на овие трендови, особено кај жените.
Винслет истакнала дека е „страшно“ колку многу луѓе денес се потпираат на лекови за брзо слабеење.
„Тоа е разорно. Ако нечија самодоверба е толку поврзана со физичкиот изглед, тоа е навистина загрижувачко“, рекла таа.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Winslet (@katewinslet_)


Таа додала дека често се прашува дали луѓето воопшто знаат што внесуваат во своето тело: „Занемарувањето на сопственото здравје е застрашувачко. Сега ме загрижува повеќе од кога било. Тоа е целосен хаос“.
Актерката, исто така, ја критикуваше сеприсутната употреба на филери и ботокс, нагласувајќи дека би сакала повеќе жени да го прифатат природниот процес на стареење.
„Моето омилено нешто е кога рацете ти стареат. Животот е во твоите раце. Некои од најубавите жени што ги познавам имаат над 70 години, а она што ме растажува е што младите жени веќе немаат вистинска претстава за тоа што е вистинска убавина“, рекла таа.
Винслет верува дека социјалните мрежи имаат огромно негативно влијание врз перцепцијата за убавината и менталното здравје.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Winslet (@katewinslet_)

„На што се угледуваат луѓето? Кој идеал за совршенство се обидуваат да го постигнат“, прашала таа, заклучувајќи дека голем дел од проблемот лежи токму во дигиталните платформи.
Во интервјуто, таа размислувала за сопствените искуства од раните денови на нејзината кариера, особено по глобалниот успех на филмот „Титаник“, во кој глумеше на 19-годишна возраст. Таа се присетила како медиумскиот притисок брутално влијаел врз неа: „Медиумите беа ужасни, ме издвоија и ме малтретираа. Бев толку млада и не бев подготвена за слава. Се чувствував целосно изложена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Winslet (@katewinslet_)

Таа, исто така, се потсетила на претходна изјава од 2022 година, кога била гостинка во подкастот „Happy Sad Confused“, велејќи дека посакува да може да се заложи за себе: „Да можев да се вратам во времето, ќе реагирав поинаку. Ќе им кажев на новинарите: ‘Немате право да се однесувате така со мене. Јас сум млада жена, моето тело се менува, несигурна сум и исплашена. Не ми го отежнувајте тоа’. Тоа беше малтретирање, речиси злоупотреба“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тврди психолог – Овие навики го саботираат вашиот љубовен живот: Тие често настануваат од претходни искуства

Обидот да се разбере и дефинира љубовта честопати изгледа како комплицирана игра, а психологот Марк …