Наградите „Governors“ се одржаа во балската сала „Ray Dolby Ballroom“ во Холивуд, а собрале многу познати личности од забавната индустрија. Ова беше 16-та церемонија на доделување награди.
Тие се организирани од Академијата за филмски уметности и науки (AMPAS) како знак на оддавање почит на луѓе кои на кој било начин придонеле за филмската индустрија и работата на академијата.
View this post on Instagram
Оваа година беа доделени на Том Круз, Деби Ален и Вин Томас, а хуманитарната награда „Џин Хершолт“ ѝ припаднала на кантри легендата Доли Партон, која не можела да присуствува на настанот поради лоша здравствена состојба.
На гала вечерта присуствувале најголемите имиња во светот на филмот и телевизијата, вклучувајќи ги Леонардо Дикаприо, Луси Лиу и Синтија Ериво. Вниманието на присутните го привлекле и модните изданија на Џенифер Лопез и Сидни Свини, која во моментов е една од најбараните филмски ѕвезди во светот.
Од своето основање, наградите „Governors“ станаа „прва станица“ за многу потенцијални кандидати за Оскар.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни