(ФОТО) ДИЕТАТА НА РАСЕЛ КРОУ: Еве како успеал да ослабе 26 килограми


„Ние го нормализираме пиењето и обложувањето, но никогаш не гледаме на штетата што ја предизвикуваат“, рекол актерот.
Расел Кроу, познатиот холивудски актер, тежел 126 килограми, а потоа успеал да ослабе неверојатни 26 килограми. Тој достигнал двоцифрена бројка на вагата со корегирана исхрана и физичка активност.
Кога вагата покажала 126 килограми, холивудскиот актер одлучил да „сврти страница“ и да го промени својот животен стил.
Како што открил во подкастот на Џо Роган, во последната година ослабел неверојатни 26 килограми и „паднал“ на 99,9 кг.
Оскаровецот признал дека сè уште ужива во повремено пиење, но дека драстично го намалил внесот на алкохол, шегувајќи се дека возраста го натерала да ги „сфати своите капацитети“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Russell Crowe (@russellcrowefans)


– Ние го нормализираме и пиењето и обложувањето, но никогаш не гледаме на штетата што ја предизвикуваат – рекол актерот во подкастот.
Покрај тоа што го исфрлил алкохолот, актерот се грижел и за својата исхрана.
– Значително ги намали алкохолот и лебот, престана да јаде масна храна, што му беше голема слабост. Обрнува многу повеќе внимание на читањето етикети и контролата на порциите – објаснил тогаш извор близок до актерот.
– Наместо риба и помфрит, јаде салати со посни протеини и дресинг. Јаде суров зеленчук секогаш кога ќе посака и повеќе не оди до фрижидер доцна навечер. Им призна на пријателите дека преминал опасна граница, што го загрижува – вели неименуваниот извор.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Russell Crowe (@russellcrowefans)

Заедно со корекција на исхраната и исклучување од алкохол, актерот често вози велосипед и игра тенис, што му помага да остане во форма.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Не е сè во изгледот – Овие квалитети на мажите се сметаат за неодоливи од жените

Мажите често се прашуваат што навистина ги привлекува жените, а одговорот на ова прашање е …