Во денешно време се’ повеќе жени се одлучуваат да останат сингл, а експертите ги објаснуваат нивните причини.
„Се случи едноставна, но значајна промена кога станува збор за врските: жените сфаќаат дека заштитата на нивниот мир е приоритет број еден“, изјавил експертот за односи Даниеле Сетела за Daily Mail.
Таа додала дека жените се плашат да не се изгубат во врските, или браковите кои ги задушуваат. Тие избираат мир наместо хаос и емоционална сигурност наместо привидна поврзаност.
„Тие не чекаат љубовта да ги исполни. Тие ја штитат целовитоста за која толку се бореле“.
Експертот за врски Бритни ЛаБонте изјавила дека постои голема разлика помеѓу „да се биде сам“ и „да се биде осамен“.
„Всушност, сингл животот може да биде моќен, исполнет и искрено радосен. Ако сте сингл, не дозволувајте некој да ве натера да се чувствувате како да пропуштате нешто“, додала таа.
Се смета дека треба целосно да се реализирате како личност пред да започнете врска.
Фото: Архива
ekran платформа за слободоумни